Голема несреќа во Канада: Загинаа четири лица по пад на кран

Полиција Канада /Фото: EPA-EFE/WARREN TODA

Четири лица загинаа откако врз нив паднал кран во провинцијата Британска Колумбија, соопшти канадската полиција. 

Полицискиот службеник Адам Мекинтош изјави дека кранот бил во процес на демонтирање, по што тој одеднаш се срушил. 

Откако кранот паднал, биле евакуирани луѓето од блиските згради, по што беше воведена вонредна состојба во градот Келоуна. 

Загинатите лица биле градежни работници кои работеле на тоа место. Полицијата трага по уште едно лице за кое се верува дека е затрупано во рушевините. Тие веруваат дека неговото тело ќе го пронајдат во текот на денот. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот