Голема афера во Хрватска, 90. 000 дипломи под лупа!

Голем скандал со лажни дипломи на наставници кои повеќе од 25 години им предавале на ученици ја погоди Хрватска.

Во аферата, хрватското Министерство ставило под лупа 90.000 дипломи.

Министерството за образование потврди уште три нови случаи, од кои и една лажна учителка која предавала 30 години.

Станува збор за диплома од Педагошкиот факултет во Љубљана со која учителката им предавала на децата.

Откриена е и лажна диплома од Машински факултет и бродоградба, Универзитет во Загреб со која лажен наставник 26 години им предавал предмети на средношколци.

Меѓу нив е и случај со фалсификувано сведоштво, со кое ноќен чувар работел 10 години во ученички дом.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот