Голем удар за Шпанецот, Де Хеа е минато за Манчестер јунајтед

Давид де Хеа / Фото: EPA-EFE/Peter Cziborra/NMC/

Тоа што се навестуваше минатото лето, според англиските медиуми ќе се случи ова лето, Давид де Хеа нема да биде прв голман на Манчестер јунајтед и доколку не си замине од „Олд трафорд“, ќе ја грее клупата.

Менаџерот на Јунајтед, Оле Гунар Солскјер смета дека Дин Хендерсон е подобар избор за прв голман на Манчестер јунајтед и во следната сезона тој ќе биде стандарден на голот на „црвените ѓаволи“.

Наводно за ова е свесен и самиот Де Хеа кој тешко ќе се помири со податокот дека ќе биде резервен голман, но исто така нема намера да ги прости парите на Јунајтед. Шпанецот има уште две ипол години од актуелниот договор кој му носи дури 20 милиони евра годишно.

Управата на Јунајтед ќе се обиде да го продаде Де Хеа, но тешко е дека ќе се најде клуб кој е подготвен да ја преземе платата на Шпанецот, освен ПСЖ но прашање е дали францускиот тим е заинтересиран за трансфер.

Давид де Хеа пред десет години пристигна во Манчестер јунајтед од Атлетико Мадрид.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот