Голем пожар во о. Чашка, од воздух гасат и три ЕР-трактори

Фото: Слободен печат /Ристе Пејовски

Пожар којшто денеска попладне избувнал покрај железничката пруга кај местото Ореше, Општина Чашка,  е се’ уште критичен и доста активен, а поради засилениот ветер се шири кон повисоките делови на сртот кон Општина Долнени, информираат од Центарот за управување со кризи.

-Во 12:38 часот, во Центарот за управување со кризи, добиена е пријава за пожар на сува трева покрај железничката пруга кај м.в.Ореше, Општина Чашка. За кратко време, поради силен и променлив ветар, пожарот се прошири во дабовата и габеровата шума, помеѓу селата Ореше и Богомила.  Поради пожарот, до околу 17:00 часот, во прекин беше и железничкиот сообраќај. На интервенција на пожарот излегоа ЈП Национални шуми – подружница „Бабуна“ – Велес, како и лица од месно население, соопштуваат од ЦУК.

Како што наведуваат од ЦУК, поради брзото ширење на пожарот и неможноста да се стави под контрола од силите кои интервенирале, во 14:36 часот, подигнати во воздух се трите ер-трактори на Дирекцијата за заштита и спасување и тие дејствувале два пати. Според известувањето од одговорното лице на терен, пожарот е сеуште критичен и доста активен, а  поради засилениот ветер се шири кон повисоките делови на сртот кон Општина Долнени, посочуваат од Центарот за управување со кризи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот