Жарко Лаушевиќ / Фото: Инстаграм/Киненова

„Година поминува, денот никогаш…“ – Вака зборуваше Жарко Лаушевиќ

На денешен ден пред две година почина актерот Жарко Лаушевиќ, кој остави неизбришлива трага во југословенската и српската кинематографија.

Во текот на кариерата, Лаушевиќ одигра повеќе од 60 улоги, а зад себе остави и четири книги во кои искрено пишува за своите лични проблеми.

Во јули 1993 година, Лаушевиќ со пиштол уби две лица, а третото тешко го рани. После тоа е осуден на 13 години затвор. Инцидентот се случил откако тој и неговиот пет години постар брат Бранимир биле нападнати во близина на кафуле во Подгорица.

Откако Федералниот суд ја укина пресудата, по повторното судење во февруари 1998 година, тој беше осуден на четири години затвор за двојно убиство во самоодбрана.

Откако отслужи четири и пол години, беше ослободен, а набргу потоа реши да ја напушти земјата и да се пресели во Њујорк.

По петнаесетгодишен престој во Америка, Лаушевиќ се вратил во Србија.

Во продолжение прочитајте неколку од неговите најпознати изреки и цитати.

Година поминува, денот никогаш.

Малата надеж носи голема среќа. Додека големата надеж носи уште поголемо разочарување.

Ако најлошото е вечерва, утре може да биде само подобро.

Најди срце кое ќе те сака кога си најлош и раце кои ќе те штитат кога си најслаб.

Моето молчење не значи дека не знам што ми зборуваат луѓето зад грб. Моето молчење е само знак дека тие не заслужуваат мој коментар.

Секој зборува со својата тишина, а тишината кажува сè!

И Пандорината кутија не е ништо во однос на целото зло што се крие во луѓето.

Човекот е многу добар адвокат за своите грешки и многу добар судија за грешките на другите луѓе.

Зборовите можат да бидат опасно оружје во рацете на искусен воин.

Не е лошо времето, туку ние сме лоши. Ние сме тие што го поминуваме животот сакајќи ги погрешните, а газејќи ги вистинските.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот