Годфри: Србија е европска земја, но е блокирана на патот кон ЕУ од „малигно влијание“

Американскиот амбасадор во Србија, Ентони Годфри, оцени дека Србија е европска земја и дека граѓаните ги поддржуваат европските вредности, но дека е блокирана на патот кон Европската унија од „малигни влијанија“ , пренесе српската агенција Бета. 

„Србија е европска земја и географски и историски, но исто така и затоа што граѓаните на Србија силно ги поддржуваат европските вредности како што се толеранција, слобода, заштита на природата, владеење на правото и иновации. Алтернативата на тоа е малигно влијание што сака да ги блокира и ја попречуваат Србија во Европа“ рече тој, додавајќи дека „постојан предизвик имаат многумина во српското општество кои не се целосно убедени дека европскиот пат е во национален интерес на Србија“.

Тој на отворањето на конференцијата „Србија, Западен Балкан и западна интеграција во време на предизвик“ додаде дека просперитетот, слободата и мирот во Србија се клучни за мирот и стабилноста во регионот.

„Ние (Соединетите држави) се стремиме цела Европа да живее во мир и слобода, што за нас значи дека членките на ЕУ треба да бидат сите земји што ги делат нејзините вредности. Алтернативата е трајна поделба што ја прави и Европа и Балканот послаби, посиромашен и помалку стабилен“, додаде амбасадорот.

Тој истакна дека Србија е „очигледно политички и економски лидер на Балканот и игра клучна улога во одржувањето на регионалната безбедност и стабилност и соработка“.

„За да ги постигнеме нашите пошироки регионални цели, во интерес на Соединетите држави е Србија да продолжи да се развива како модерна демократска и прогресивна европска земја во мир со соседите“, рече Годфри.

Тој ги наведе владеењето на правото и нерешеното прашање на Косово како главни пречки на патот кон ЕУ.

„Треба да се направи многу за да се консолидира владеењето на правото, да се победи корупцијата, да се зачува животната средина и да се обезбеди фер и транспарентен бизнис. Верувам дека Србија може да го стори тоа, и мојата амбасада е подготвена да им помогне на владата и граѓанскиот сектор во Србија“ рече тој.

Тој ја пофали српската кампања за вакцинација во Србија и регионот и оцени дека тоа е знак на добра волја и политичка зрелост.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот