Зграда на Собранието на Република С. Македонија/ фото: Слободен печат - Драган Митрески

Гоце Тодоровски, Александар Кујунџиски, Братислав Ташковски и Божин Павловски добитници на државната награда „23 Октомври“

Во Кристалната сала на Собранието денеска беше доделена државната награда „23 Октомври“ за 2025 година.

Наградата се доделува за долгогодишни остварувања во областа на науката, културата, образованието, заштитата на државните интереси и промоцијата на државните приоритети, вредности и културно-историското наследство од јавен интерес.

Годинава за остварување во областа на културата и уметноста наградата им беше доделена на актерот Гоце Тодоровски, на писателот за деца и возрасни Александар Кујунџиски, на поетот, романсиер, драмски писател и новинар Братислав Ташковски и на писателот, академик Божин Павловски.

На доделувањето на наградата присуствуваше и претседателката Гордана Сиљановска-Давкова.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот