ГО ПРЕТЕПАЛ РОДЕНИОТ БРАТ СО МЕТАЛНА ШИПКА ДО СМРТ! Детали од убиството на Цетиње, ова е причината

Германскиот државјанин Валдемар Мајник (67) вчера по кратка расправија и тепачка, со метална шипка го убил родениот брат К.М. (64) на Цетиње, а браќата се скарале околу работа која ја воделе заеднички, објавија медиумите во Подгорица.

Полицијата вчера соопштила дека германскиот државјанин Валдемар Мајник (67) уапсен е под сомнение дека го убил сонародникот К.М. (64) во изнајмена куќа на Цетиње, соопшти Управата на полицијата.

Медиумите наведуваат дека по кратка вербална расправа, браќата физички се пресметале и во таа прилика В.М. земал метална шипка и повеќе пати го удрил по глава својот брат.

Од повредите К.М. починал на лице место. Кавгата ја слушнале комшиите кои случајот го пријавиле на полицијата која во краток период стигнала и го затекнала В.М. на лице место.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот