Го прашале Френк Синатра како да постапите со луѓето кои ќе ве повредат: Неговиот одговор е најдоброто нешто што ќе го слушнете!

Фото: Профимедиа

Поради својата огромна популарност, Френк Синатра за време на животот стекнал милиони обожаватели, но бил и предмет на омраза, осуда, љубомора и злоба.

За оние кои се нашле во слична ситуација, врвниот пејач и актер секогаш имал една порака. На прашањето како треба да постапите со личностите кои ве повредиле, тој изјавил „Најдобрата одмазда е огромниот успех“.

Со тоа се водел целиот живот и навистина успеал – за време на 52 години долгата кариера, Френк одигра и десетина улоги во филмови и сними некои од најубавите песни кои постојат во светот.

Фото: Профимедиа
„Покажете дека сте попаметни, помудри и подобри од нив, но простете им. Направете го тоа за себе!“

По правило, луѓето кои ги повредуваат другите, се несигурни и слаби личности, објаснуваат психолозите. Незадоволни со сопствениот живот стануваат огорчени. Негативното коментирање на туѓиот живот им помага, барем на кратко, да ги тргнат мислите од коровот во својот живот. На тој начин се поспокојни и подобри. Полесно е да се коментира туѓиот живот, отколку да се собере сила да се промени сопствениот. Вашиот успех ќе им биде најтешкиот удар.

Фото: Профимедиа

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот