ГО ОЛЕСНУВААТ СЛАБЕЕЊЕТО: Три намирници кои треба да ги изедете по појадокот
Некогаш се случува да почувствуваме глад бргу по појадокот, но треба да внимаваме што ќе внесеме, за да не се полниме со празни калории.
Вакво нешто може да ви се случи ако не сте доволно наспани, па телото има потреба од нешто што ќе му ја надомести потребната енергија.
Ова се три намирници по кои можете да посегнете во ваков случај:
Ѓумбир
Ѓумбирот е чудотворен кога е во прашање здравјето. Исецкајте малку ѓумбир и направете чај од него. За кратко време ќе ви го смири стомакот и ќе ви помогне во детоксификација на телото.
Кокосова вода
Богата е со калиум и магнезиум, а ќе ви помогне брзо да го хидрирате целиот организам. Достапна е за купување во продавниците за здрава храна.
Банана
Бананата е полна со минерали и јаглехидрати кои ќе ве заситат и ќе ви помогнат така да останете до ручекот. Одлични се за кога ви е паднато нивото на шеќерот во крвта.