Го обвинија за расизам, повеќе бил за танц, а ни судеше и нам на патот кон ЕП!

Фото: EPA-EFE/IAN LANGSDON

Натпреварот од Лигата на шампионите помеѓу ПСЖ и Башакшехир ќе се доигра денеска од моментот кога истиот беше запрен, со почеток од 18:55 часот на „Паркот на принцовите“ во Париз, Франција.

Фудбалерите на турската екипа (а потоа и оние на ПСЖ) одлучија да го напуштат теренот во 14 минута од натпреварот во знак на протест против четвртиот романски судија Колтеску.

Тој го нарече помошникот тренер на Башакшехир, Пјер Вебо, „ала негру“ („оној црнецот“ на романски јазик), а потоа главниот судија го исклучи Камерунецот за приговор.

– УЕФА е свесна за инцидентот за време на натпреварот во Лигата на шампионите меѓу ПСЖ и Истанбул Башакшехир и ќе спроведе темелна истрага. Расизмот, дискриминацијата во сите нејзини форми нема место во рамките на фудбалот – пишува во краткото соопштение на Европската куќа на фудбалот.

– Романскиот збор „негру“ ја означува црната боја, и самиот по себе не е навредлив

Навидум безопасната ситуација прерасна во расистички скандал за неколку минути. Вебо и Баа беа испровоцирани од зборот „негру“, што на романски јазик буквално значи црно, а конфузијата веројатно настанала затоа што звучи како тој меѓународно непосакуван збор на „н“. Судијата го користел единствено затоа што овој опис е најлесно да се идентификува лицето.

Фото: EPA-EFE/IAN LANGS

Додека Ба му одржуваше лекција на Колтеску и го праша зошто го нарекува Вебо „црнец“, кога тој не би го нарекол белецот белец, судијата се правдаше: „Негру на романски значи црно. Јас не сум расист“.

– Поранешен судија: Можеби е талентиран за музика или танцување, но не за судење

Колтеску и во минатото се наоѓал во центарот на вниманието поради контроверзните одлуки, како на пример на натпреварот во Романија, Газ Метан Медијас – Стеауа, а поранешниот романски судија Адријан Порумбоиу рече: „Целата негова кариера е полна со мрачни моменти. Можеби има талент, но требаше да избере друга професија, како музика или танцување. Треба да бидете непристрасни на судењето. Секој може да разбере човечка грешка кај судијата, но тоа му се случува со години. Нема натпревар чиј резултат не е директно погоден“.

Има и еден интересен податок околу неговата судиска кариера, тој во 2016 година го судеше натпреварот на македонската У21 репрезентација и големата победа (0:1) на гостувањето кај Шкотска, едни од најзначајните три бода на патот кон историското ЕП во 2017. А и на тој меч можеше многу лесно да донесе контроверзна одлука на наша штета што многу ќе влијаеше на конечниот пласман. Погледнете на видео записот:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот