Сузана Турунџиева - Фото Слободен печат / Методи Здравев .
Сузана Турунџиева - Фото Слободен печат / Методи Здравев .

ВИДЕО | Го најде лекот за душата по сите трагедии – eмотивна приказна на Сузана Турунџиева

Сузана Турунџиева има посебна терапија со која ја лекува душата по се што ѝ се случи.

Познатата водителка, писателка и уметница покажа дека нејзиниот креативен дух нема граници, овојпат споделувајќи моменти на чист спокој и семејна хармонија преку звуците на необичниот инструмент – хендпен.

Во својата последна објава, Сузана е снимена како се препушта на магичните вибрации на овој инструмент, кој во светот е сè попопуларен како моќна алатка за музичка терапија. Но, она што ја прави оваа слика посебна не е само музиката, туку и нејзината најверна публика.

Веднаш до неа, во целосен мир и внимание, седи нејзиниот внук Јаков. Малиот Јаков, кој е син на нејзината ќерка Лора, изгледа како целосно да е маѓепсан од ритамот што го создава неговата баба.

„Штом не му пречи, тоа значи дека му годи,“ кратко напиша Сузана во описот на видеото.


Музичките експерти велат дека звукот на хендпанот помага во: намалување на стресот и анксиозноста, постигнување на длабока медитација и подобрување на фокусот кај децата, што јасно се гледа од смирената реакција на Јаков.

Турунџиева почна професионално да се занимава со музикотерапија, метод на третман со музика во кој звуците се користат за да се постигне подобра физичка и емоционална состојба.

Минатата година, Турунџиева за „Слободен печат“ откри дека во изминатава година откако ѝ била откриена сериозна дијагноза, добила шанса за нов живот.

„Ни во сон не можев да претпоставам дека некогаш ќе ми биде дијагностицирана сериозна дијагноза, мене, која цел живот се трудам да живеам и да се хранам здраво. Во изминативе 10 месеци сфатив дека поважно од тоа што јадеш било што те јаде! Па, така, со силна верба во Бога и се разбира со верба во медицината имам привилегија да живеам нов живот“, рече Сузана Турунџиева.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот