Го местите креветот веднаш штом ќе станете? Постои добра причина да престанете да го правите тоа

Instagram

Уште како деца, нашите родители нè учеа да го креваме креветот веднаш штом ќе се разбудиме. Оваа навика обично се поврзува со уредност и организација, но може да направи повеќе штета отколку корист, велат експертите.

Експертите од „MattressNextDay“ велат дека местењето на креветот веднаш штом ќе се разбудите создава идеална средина за размножување на грини – примарен алергенс во домашниот прав е алергенсот на прашинските грини.

unsplash

Грините сакаат топол кревет, па затоа најдобро е прекривачите да се остават на воздух и да се оладат 30 минути, и дури потоа уредно да го наместите креветот“, предупредуваат експертите за душеци.

Грините се ситни животни невидливи за човечкото око кои се хранат со мртви клетки од кожата. Тие често се наоѓаат во мебелот, теписите, постелината и кадифените играчки и може да предизвикаат чешање на кожата, течење на носот или солзење на очите.

unsplash

Тие сакаат влажни места и температури помеѓу 20 и 25 степени целзиусови, а од американската фондација за астма и алергии велат дека „во топлиот и влажен дом можат да преживеат цела година“.

Освен што не треба да го наместите креветот веднаш откако ќе станете, експертите велат дека треба да одбегнувате хидратантни креми пред спиење. Иако за некои луѓе тоа е ритуал, но ако одите во кревет веднаш по нанаесувањето на кремата, постелината може да ја апсорбира влагата.

Постојат работи што не смеете да ги правите, на пример не е препорачливо да јадете во кревет, или да си играте со милечињата и одбегнувајте да користите производи за нега на кожа и тело најмалку 30 минути пред спиење. Така, ќе се осигурите дека кремите ги апсорбира вашата кожа, а не постелината“, додаваат тие.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот