„Го хранев во болница, а тој ме молеше за прошка“: Ова го сподели Маријана Новачевска за последните денови на поранешниот сопруг Тоде
На 10 февруари во 2022 година во Мелбурн почина познатиот композитор Тоде Новачевски, а до самиот крај во болница со него со него беше Маријана Новачевска, неговата поранешна сопруга.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Многу музичари на социјалните мрежи се сетија на Новачевски, четири години по неговата смрт.
Новачевски кој беше автор на најпопуларните песни на близначките Маријана и Росана почина во Австралија по долгогодишна битка со ракот, на 66 години. Во Австралија, тој се пресели пред повеќе од 30 години со сопругата Маријана со која ги има синот Филип и ќерката Магдалена. Насловната слика на фејсбук-профилот на неговата ќерка е токму нивна семејна слика, во времето кога таа и брат ѝ биле мали.

Неколку дена откако почина, Маријана Новачевска раскажа какви биле нивните последни заеднички денови во болница.
„Најубавата човечка карактеристика е да простува. Јас простив. Како нема да бидам крај него, секако дека ќе бидам. Тоа што било поминало, ние имаме деца, сме имале брак, сме имале љубов. Ниту тој, а ниту јас не сме такви луѓе. По разводот не се гледавме често, но тоа не значеше дека треба да се караме. Тој е татко на Филип и Магдалена, дедо на Ева и мора да биде присутен во нашите животи. Никогаш ништо лошо не сум им рекла на децата за него, колку и да ми било тешко, а не, пак, сега, кога тој ги биеше последните битки.
Средбите беа доста трауматични и за двајцата. Солзи, негови молби за простување, дека многу му е жал и дека се кае и се чувствува виновен што се распадна нашата заедница. Се разделивме, но за овие 20 години колку што не сме во брак се измачи во животот и тој сам многу, а и јас заедно со децата исто така многу“, рече Маријана тогаш за порталот „ММС“.

„Последните денови од неговиот живот ми ја распараа душата и ќе ги паметам додека сум жива. Многу, неописиво многу. Секој ден одев во болница и додека можеше да јаде и пие го хранев. Цело време ме држеше за раце. Многу ми е тешко, многу жално и потресно. Тоде трпеше голема болка и последните денови му ја дуплираа дозата. Пред крајот лекарот ми кажа дека тој веќе не е свесен за да контактира со нас, но дека може да не слушне. Тогаш, му ставив слушалки и на мобилниот му ги пуштав сите наши заеднички песни за да ги слуша“, рече Маријана Новачевска.
Новачевски ги напиша антологиските „Признавам“, „Свири ми брате Цигане“, „Ако не исчезнам“, „Верувај ми“, „Венера“, „Око мое“, „Има една судбина“.Тој ја пееше насловната песна „Урде чавен“ на телевизиската серија „Трст виа Скопје“.
ВИДЕО | Музичкото богатство на Тоде Новачевски: Евергрини кои ќе останат засекогаш!


