Гнабри останува во Баерн до 2026 година

Серж Гнабри на промоција на тимот на Баерн Минхен за следната сезона/фото: EPA-EFE/RONALD WITTEK

Германскиот шампион Баерн Минхен потврди дека Серж Гнабри потпиша нов договор со баварците до 2026 година.

Договорот на германскиот репрезентативец со Баерн истекуваше идното лето, но управата на клубот не сакаше да им се повтори случајот со Робет Левандовски и му понуди нов и подобар договор кој Гнабри го прифати и со тоа стави крај на шпекулациите за негово заминување. Тој изминатиот период беше поврзуван со Челси, Арсенал и Реал Мадрид.

– Многу размислував за тоа што сакам како играч во годините што доаѓаат. И одлучив дека сакам да останам во Баерн за повторно да освојам сè со овој клуб. Се надевам на нова титула во Лигата на шампионите, но овојпат да ја прославиме со навивачите. Тука можам да играм фудбал со моите пријатели и можам да го правам тоа на највисоко ниво. Убеден сум дека во ниту еден друг клуб не би било така. Сакам тука да доживеам уште многу убави моменти – изјави Гнабри.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот