Четџипити - Фото: Jakub Porzycki/NurPhoto / Shutterstock Editorial / Profimedia

Глобален прекин на Чет џи-пи-ти, корисници пријавуваат дека не функционира

Опен АИ објави сериозни технички проблеми со својата најпопуларна услуга вечерва. Имено како што јавуваат медиумите корисниците на Чет џи-пи-ти (ChatGPT) низ целиот свет се соочуваат со зголемени стапки на грешки и значително намалени перформанси.

Според официјалниот извештај за статусот на Опен АИ од 3 февруари 2026 година во 21:32 часот, проблемите се идентификувани и тимот интензивно работи на имплементирање на привремено решение односно ублажување.

Моментално не е познато колку долго ќе трае прекинот, но услугата е во голема мера недостапна или работи со значителни тешкотии.

Опен АИ вети редовни ажурирања на својата страница за статус.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот