„Глобал фајнанс”: „Охридска банка” најдобра во земјава за 2020

Да се биде прогласен пет години по ред за „Најдобра банка во Македонија”, особено од страна на врвен банкарски авторитет во светот, како што е „Глобал фајнанс” претставува огромна чест, но и голема одговорност, вели претседателот на Управниот одбор, Нина Неданоска.

По петти пат во континуитет Светскиот финансиски магазин „Глобал фајнанс”, ја прогласува „Охридска банка” за најдобра банка во земјава.

– Да се биде прогласен пет години по ред за „Најдобра банка во Македонија”, особено од страна на врвен банкарски авторитет во светот, како што е „Глобал фајнанс” претставува огромна чест, но и голема одговорност. Ова е историска година за „Охридска банка” од повеќе аспекти. Се наоѓаме во период на интеграција на „Охридска банка” со „Шпаркасе Банка Македонија”, и континуирано работиме во насока на поставување на силна и значајна системска банка која ќе биде четврта по големина во банкарскиот сектор во земјата, изјави Нина Неданоска, претседател на Управниот одбор.

Таа посочи дека продолжуваат кон нивната стратешка цел, изразувајќи уверување оти сите нивни резултати и достигнување ќе дадат силна потпора во креирањето на уште посилна и помоќна „Шпаркасе Банка Македонија”, која се очекува да биде целосно интегрирана во мај 2021 година.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот