Гледајте пред себе, отворени шахти и сливници: Повторно се крадат решетки и капаци во Скопје, остануваат дупките

Шахти, Фото: Архива

 Во текот на минатата ноќ на булеварите „Илинден” и „8-ми Септември” и улицата „Карпошево Востание” во Скопје, украдени се капаци од шахти и решетки од сливници.

Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација” – Скопје случајот е пријавен, а украдените ќе бидат заменети со нови во најбрз можен рок.

Случајот е документиран и пријавен во полициската станица во Карпош.

– Воедно сакаме да упатиме апел до јавноста и граѓаните, да не се крадат капаци решетки од улиците, бидејќи на тој начин се загрозува безбедноста на граѓаните и учесниците во сообраќајот, се додава во соопштението на јавното претпријатие испратено до јавноста. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот