Гледајте го доделувањето на Oскарите вечерва ексклузивно на МРТ

Фото: Промо

Македонската Радио- Телевизија ексклузивно ќе го емитува 95-то доделување на оскарите вечерва, 12 март. Академијата за филмски уметности и науки ќе ги награди најдобрите остварувања во 2022 година. Научно фантастичната авантура „Сѐ во исто време“ има 11 номинации, по девет номинации добија антивоената драма „На запад ништо ново“ и црната трагикомедија „Духови на островот“, додека полуавтобиграфската драма „Фабелманови“ освои седум номинации.

На оскаровската церемонија ќе се појават најзначајните имиња од филмската индустрија, од номинираните до презентерите на наградите. Меѓу нив се Харисон Форд, Никол Кидман, Хали Бери, Џон Траволта, Риз Ахмед, Антонио Бандерас, Салма Хајек Пино, Џесика Честејн, Зои Салдана, Хју Грант, Глен Клоуз, Ева Лонгориа.

Џими Кимел по третпат ќе биде водител.

Доделувањето на најпрестижните филмски награди во светот, кое ќе се одржи во театарот „Долби“ во Холивуд, а ќе го пренесуваат преку 200 држави во светот.

В недела во 21:30 на МТВ1 започнува емисијата „Во кадар“, чиј автор е Миланка Рашиќ, посветена на наградите Оскар, а од 22:25 следи филмот добитник на 8 оскари – „Милионер од гетото“.

Ноќта на Оскарите ќе започне 20 минути по полноќ, со пренос од Црвената патека, додека 95-та оскаровска церемонија ќе започне во 2 часот по полноќ.

Скратена снимка од доделувањето на престжните филмски награди ќе се емитува в вторник во 21:15 на МТВ 1.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот