Фото: EPA-EFE/Danish Defence Command

Главниот осомничен за нападот врз Северен тек започна штрајк со глад во италијански затвор

Украинскиот државјанин Сергеј К., обвинет дека стои зад нападот врз гасоводот „Северен тек“, започна штрајк со глад во знак на протест против условите во затворите во Италија, објави денес неговиот адвокат.

Прашањето за екстрадицијата на 49-годишниот Украинец од Италија во Германија е предмет на спор со месеци, објавува „Шпигел“.

Тој го започна штрајкот со глад на 31 октомври, барајќи да се почитуваат неговите основни права, додаде адвокатот.

Се наведува дека Сергеј К. бара право на „соодветна исхрана, здрава затворска средина, хумани услови и еднаков третман со другите затвореници во однос на семејните посети и пристап до информации“.

Тој беше уапсен во август додека беше на одмор со своето семејство во близина на Римини, а неговиот случај оттогаш е под италијанска надлежност.

Украинецот е главен осомничен за нападите врз рускиот гасовод во Балтичкото Море пред три години и е обвинет од федералното обвинителство за предизвикување на експлозијата и неуставна саботажа, и како што наведува медиумот треба да се соочи со судење во Германија.

Судот во Болоња неодамна ја одобри неговата екстрадиција на германските власти, но неговиот адвокат, Серхио К., најави дека ќе се жали на одлуката.

Сè уште не е јасно кога ќе се одржи следното рочиште во Рим, објавува „Шпигел“.

Два гасоводи беа сериозно оштетени во експлозиите на 26 септември 2022 година, а нападот се смета за најголем чин на саботажа во европската историја, објавува германскиот весник.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот