Главчев: Среќен сум затоа што на Гевгелија и донесовме трофеј

Претседателот на Блокотехна, Томе Главчев беше пресреќен по освојувањето на трофејот во БИБЛ-лигата.

– Се чувствувам многу добро. Среќен сум што успеавме да ја освоиме титулата. Сепак, се чувствувам малку тажно, затоа што ова не се случи со Кожув кој исто така е дел од мојата историја во кошарката и им посакувам еден ден и тие да остварат ваков успех. Среќен сум затоа што во Гевгелија ќе го донесеме трофејот – изјави Главчев за официјалната веб-страница на БИБЛ.

Успехот на тимот кој постои две години добива на тежина поради тоа што на завршниот турнир во Тирана настапи без двајца клучни играчи, капитенот Горан Главчев и најкорисниот играч во БИБЛ-лигата, Данило Мијатовиќ.

– Ни недостасуваа двајца многу важни играчи поради повреда, но другите ги оставија своите срца на теренот и го пружија максимумот. Мислам дека заслуживме да победиме поради прикажаното на двата натпревари.Се надевам дека овој трофеј е само еден чекор од нашиот пат и ние ќе продолжиме да се подобруваме во иднина – вели Главчев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот