Главата горе момци, не е срамота да се загуби од Полска (ФОТО)

Слободен печат/Арбнора Мемети

Почетна иницијатива на Полјаците на теренот, но првата шанса веќе ја имавме ние преку Елмас во четвртата минута кој убаво шутираше, но голманот Фабиански со крајни напори одбрани, публиката само пушти огромни воздишки.

Прекрасна атмосфера на арената, над 22.000 илјади гледачи, а околу 2.500 фанови имаа гостите.

Голема борба се водеше во текот на средината, во намерата кој побрзо да креира опасна акција кон головите.

Поминаа 20 минути игра од натпреварот, но без позначајни ситуации пред двата гола, иако Полјаците повторно имаа нешто повеќе од контролата на топката.

Слободен печат/Арбнора Мемети

За момент владееше тишина на трибините поради падот на Елмас кој првично лежеше на теренот поради повреда, но за среќа брзо се врати.

Во 30. минута повторно нова прилика на нашите репрезентативци, Барди го испроба својот шут, но за малку покрај полскиот гол. Нашите одбранбени играчи во текот на првото полувреме со сето внимание како „фластер“ на најголемата опасност, ѕвездата на Баерн, Левандовски кој не се изнаигра многу во првите 45 минути.

Само што започна вториот дел, Полска дојде многу среќно до погодок за водство од 0:1 на арената „Тодор Проески“.

Слободен печат/Арбнора Мемети

Невнимателни во нашата одбрана, му дозволивме на што туку влезениот Пјонтек да се запише во листата на стрелците.

Нашите фудбалери беа свесни дека требаше веднаш да ја отстранат опасноста, но топката се прошета до мрежата на Димитриевски.

Ангеловски се одлучи за првата замена во 62. минута, од игра излезе Николов, шанса доби Трајковски да се освежи нападот.

Слободен печат/Арбнора Мемети

Во 76. минута нашите репрезентативци се обидоа да израмнат, Несторовски кој скоро не добиваше никаква топка, имаше опасен шут, одбрани полскиот чувар на мрежата, одбиената топка дојде до Алиоски, а овој високо над голот.

Притисокот беше зголемен на наша страна, бидејќи со сите сили моравме да нападнеме и се обидеме да дојдеме барем до бод на овој дуел. Но, ситуацијата стана уште полоша за нас, бидејќи во 85. минута поради два жолти картони теренот предвреме мораше да го напушти Муслиу.

Следниот дуел нашите најдобри фудбалери ќе го имаат в понеделник повторно во Скопје овојпат против селекцијата на Австрија (20.45 часот).

Слободен печат/Арбнора Мемети

Квалификации за ЕП 2020, Национална арена „Тодор Проески“ – Скопје

Македонија-Полска 0:1 (Пјонтек 47`)

Македонија: Димитриевски, Муслиу, Велкоски, Бејтулаи, Алиоски, Елмас, Николов (Трајковски 62`), Барди, Ристовски (Адеми 76`, Несторовски, Пандев (Хасани 85`).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот