„Гласен Текстилец“: Конфекции од Делчево исплаќале плати под минималната на вработени кои користеле владини анти-ковид мерки

Вработени во приватни текстилни конфекции во Делчево добиле паричен надомест под минималната плата за периодот додека ги користеле владините мерки во борбата за спречување на ширењето на коронавирусот, објавија од Здружението ,,Гласен текстилец” на Фејсбук и притоа соопштија дека на удар на работодавците биле бремени, хронично болни и родители на деца до 10 годишна возраст.

– По добиени сознанија за конфекциите „Крзно“ и „Крзно Делчево“ за исплата под минимална плата за вработени кои користеле мерки во време на пандемијата, „Гласен Текстилец“ поднесе барања за инспекциски надзор до надлежниот Трудов инспекторат за корекција на плата. По извршениот инспекциски надзор, инспекторка од областа на трудот го задолжи работодавачот на двете гореспоменати фирми да направи корекција на плата за вкупно 21 лице кои ги користеле мерките од Владата, се вели во објавата на „Гласен Текстилец“.
Против работодавачот, како што стои во понатамошниот текст, е издадено решение и дадена наредба да се направи корекција на плата во рок од 10 дена.
– Ова е доказ за уште една успешна соработка меѓу Државниот трудов инспекторат и „Гласен Текстилец“ во насока на заштита на работничките права во време на оваа криза од Ковид-19, се вели во продолжение од објавата на здружението.
Оттаму додаваат дека вработените од приватниот сектор во овој период биле први на удар, при што меѓу најранливите категории вработени се бремените жени, хронично болните и мајките на деца до 10 години. Од здружението додаваат дека  внимателно ќе продолжат да ги следат состојбите, при што со правна помош и поддршка ќе се обидат да им помогнат на сите кои ја бараат нивната помош.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот