Орце Ѓорѓиевски- претседател на ЗЕЛС / Фото: Слободен печат / Драган Митрески

Ѓорѓиевски е старо-нов претседател на ЗЕЛС, Меџити и Герасимовски потпретседатели

На денешната конститутивна седница на ЗЕЛС, со едногласна одлука, градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, беше е реизбран за претседател на Заедницата.

– Денес се одржа Генералното собрание на ЗЕЛС, каде повторно ја добив довербата да ја водам оваа заедница. Од срце им благодарам на членовите на Управниот одбор на ЗЕЛС за укажаната доверба, заедно со моите колеги, двајцата нови потпретседатели, Изет Меџити и Горан Герасимовски – информира Ѓорѓиевски.

ЗЕЛС / Фото: Слободен печат / Драган Митрески

Меѓу конкретните резултати, Ѓорѓиевски го издвои учеството на ЗЕЛС во подготовката на измените на Законот за локална самоуправа, при што било прифатено и долгогодишното барање за воспоставување општинска комунална полиција.

Во наредниот период, како што најави, фокусот ќе биде ставен на продлабочување на децентрализацијата, особено во областа на социјалната заштита, како и на обезбедување поголема финансиска стабилност на општините. Тоа ќе вклучува зголемување на уделот на општините во јавните приходи, подобра наплата на сопствените извори и понатамошен развој на електронските услуги.

ЗЕЛС / Фото: Слободен печат / Драган Митрески

„Во изминатиот период активно учествувавме во подготовката на измените на Законот за локална самоуправа, при што беше прифатено и нашето долгогодишно барање за воспоставување општинска комунална полиција – вели Ѓорѓиевски.

Тој изјави дека во наредниот период фокусот ќе биде ставен на посериозна децентрализација, особено во областа на социјалната заштита, како и на обезбедување поголема финансиска стабилност на општините.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот