Ѓорѓиевска, ЕП 2022: Девојките да уживаат во секој момент, да ја претстават Македонија во најдобро светло

Романија е третиот противник на Македонија на ЕП 2022/фото: РФМ

Македонската женска сениорска ракометна репрезентација после 10 години повторно е дел од европскиот крем, по шести пат ќе игра на континенталните собири. Најголемиот успех го имавме на ЕП 2008, кое го организираше токму нашата земја, кога го освоивме седмото место.

Македонија повторно е домаќин на вакво големо натпреварување, сега заеднички со уште две држави кои го организираат ЕП 2022, Словенија и Црна Гора.

Распоред на натпревари на ЕП 2022
Група „Ц“, СЦ „Борис Трајковски“ – Скопје

5 ноември
18.00 часот Франција – Македонија
20.30 часот Холандија – Романија

7 ноември
18.00 часот Македонија – Холандија
20.30 часот Романија – Франција

9 ноември
18.00 часот Македонија – Романија
20.30 часот Франција – Холандија

РФМ ќе субвенционира 40% од износот на билетите за натпреварите на Националниот тим во Скопје на 5,7 и 9 ноември

Ривали на избраничките на селекторот Љубомир Савевски во групата „Ц“ во Скопје од прелиминарната фаза се Холандија, Франција и Романија. Првопласираните три репрезентации од секоја група ќе се најдат во главната фаза.

Душица Ѓорѓиевска (34, среден бек) која исто така има настапи за најдобрата селекција, со големо внимание ќе ги следи натпреварите на Македонија.

– Ова Европско првенство значи многу за македонскиот женски ракомет, после 10 години да имаме натпреварување и тоа на домашен терен е нешто што не може да се опише. Се надевам дека ќе се врати сјајот на женскиот ракомет што долго време беше во сенка. Мојата порака до девојките е да уживаат на ова големо натпреварување, да остават срце на теренот и да бидат горди на сами себе. Да ја претстават Македонија во најдобро светло, затоа што вакво натпреварување секој не може да има прилика да почувствува на своја кожа – ни изјави Ѓорѓиевска.

Разговор со Љубомир Савевски пред ЕП: Штериова не сакаше да ризикува, најважно е да покажеме карактер

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот