Ѓорчепетровци најавија протестен марш во четврток против новиот ДУП

Фото: ДУП Градска четврт С 316 на Ѓорче Петров

На фејсбук страницата Наше Ѓорче во четврток е најавен протест против неодамна донесениот ДУП во Општина Ѓорче Петров кој предвидува изградба на неколку висококатници.

Според објавата протестниот марш против бетонизацијата на Ѓорче Петров ќе започне во четврток во 17.30 часот кај кружниот тек кај црквата Св. Петар и Павле.

Според реакциите под оваа објава се очекува масовно присуство на граѓаните на Општината против најновиот обид за бетонизација.

Инаку, пред неколку дена вонредна седница на Советот на Општина Ѓорче Петров беше закажана, но не се одржа откако советниците од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во Советот на Општина Ѓорче Петров гласаа против оправданоста за одржување на итна седница, како што бараа советниците од СДСМ и Левица.

На дневен ред на седницата требаше како единствена точка на дневен ред да се најде предлогот за суспендирање на делови од ДУП С3 16, кој беше донесен на 17 февруари на вонредна седница и предвидува изградба на повеќе од 30 згради, највисоката со 21 кат, но и капацитети од лесна инустрија и трговски центри.

Иницијативата против урбаното дивеење го поздрави зелениот проект за Ѓорче Петров

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот