Иницијативата против урбаното дивеење го поздрави зелениот проект за Ѓорче Петров

Фото: Општина Ѓорче Петров

После цели шест години битка, конечно Иницијативата против урбаното дивеење може да прогласи победа, соопштија тие по денешната седница на Советот на општина Ѓорче Петров кога е усвоен ДУП-от СЗ 16 кој предвидува урбанизација и многу нови зелени површини за централниот дел од општината.

-Со овие проекти конечно централното подрачје во нашата општина ќе добие објекти кои се од исклучителна важност за непречено секојдневно функционирање и голем број на нови зелени површини. Шест години нашата битка беше против насилна бетонизација на општината. Конечно имаме слух за нашите барања. Новите паркови и зелени површини конечно стануваат реалност, соопшти Иницијативата против урбаното дивеење.

Тие упатија искрена благодарност за соработката до министерката за одбрана, Славјанка Петровска, министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и до градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски.

-Оваа е една убава историја за сите Ѓорчепетровци и пример како треба да се работи во интерес на граѓаните, нагласија од Иницијативата против урбаното дивеење.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот