Ѓоковиќ и официјално прв носител на Австралија Опен

Новак Ѓоковиќ е актуелен шампиоин на Австралија Опен/ фото: EPA-EFE/DAVE HUNT

Новак Ѓоковиќ и официјално е поставен за прв носител на Австралија Опен кој започнува на 17 јануари во Мелбурн. Организаторот денеска го објави костурот на 32. носители во машка и женска конкуренција, а ждрепката за првиот годинешен гран слен турнире ќе се одржи в четврток на 13 јануари.

Покрај Ѓоковиќ, топ 10 носители се Данил Медведев, Александер Зверев, Стефанос Циципас, Андреј Рубљов, Рафаел Надал, Матео Беретини, Каспер Руд, Феликс Оже-Алиасим и Хуберт Хуркач.

Кај жените, за прва носителка е поставена Австралијанката Ешли Барти, по неа топ 10 носителки се Арина Сабаленка, Гарбине Мугуруза, Барбора Крејчикова, Марија Сакари, Анет Контавеит, Ига Швојнтек, Паула Бадоса, Онс Жабер и Анастасија Пављученкова. Интересно е што Наоми Осака е поставена за 13 носителка, додека Симона Халеп е 14.

ВИДЕО | Новинари го навредуваа Ѓоковиќ: Лажливко, се*ко

Новак Ѓоковиќ ја доби жалбата против депортацијата од Австралија

ВИДЕО: Фановите на Ѓоковиќ со музика и песна славеа на улиците во Мелбурн

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот