ВИДЕО | Новинари го навредуваа Ѓоковиќ: Лажливко, се*ко

Новак Ѓоковиќ / фото: EPA-EFE/SCOTT BARBOUR

Новинарите на австралиската телевизија Канал 7, Робека Медерн и Мајкл Амор, не знаејќи дека камерите се вклучени додека се подготвуваат за емисијата, го навредуваа Новак Ѓоковиќ.

Пред да започне програмата, двајцата презентери со погрдни имиња го навредуваа Ѓоковиќ.

„Како и да гледаш на целата ситуација, Новак Ѓоковиќ е лажни серко. Жално е што другите ги поддржуваат. Да се излезе надвор, а притоа да знаеш дека си позитивен… Мислам дека дури и не бил позитивен. И потоа замина во Шпанија, се сопна од своите лаги. Мислам дека на крај и ќе се извлече“, зборуваа презентерите кои не застанаа тука со нападите.

„Поголем дел од луѓето сметат дека се серко и кретен, а коментираат дали властите беа коректни кон него. Тоа е проблем, зарем не? Милсам дека ништо не се доби со тоа што беше испратен во хотел за мигранти. Се правдаат пред луѓето кои беа во ист авион со него. Неговиот  живот не е фер, некои луѓе летаат со прва класа, а некои… Сиротата чешка тенисерка беше испратена дома“.

Ѓоковиќ и официјално прв носител на Австралија Опен

Австралиската влада има нов адут, Ѓоковиќ дал лажни податоци при поднесување барање за виза

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот