Гинисов рекорд: Најстарата мачка на светот има 26, односно 120 човечки години

Фото: Инстаграм/Гинисова книга на рекорди

Дваесет и шестгодишна мачка по име Флоси во Лондон, Велика Британија, влезе во Гинисовата книга на рекорди како најстарата мачка на светот.

Кафеаво-црната мачка го собори рекордот со возраста од 26 години и 329 дена, објави „Си-ен-ен“.

Гинисовата книга на рекорди исто така ја призна Флоси како најстарата мачка во светот.

Се наведува дека возраста на мачката, која е помала од 27 години, одговара на 120 години човечка возраст.

Вики Грин, сопственичка на Флоси од добротворната организација „Заштита на мачките“, која ги едуцира луѓето за правото на живот на мачките во земјата, рекла дека најстарата мачка во светот е слатка и разиграна мачка.

„Знаев дека Флоси е посебна мачка, но никогаш не помислив дека ќе го делам домот со сопственичка на светски рекордер“, рекла Грин.

Грин изјави дека иако Флоси е глува и со оштетен вид, таа е генерално во добра здравствена состојба.

 

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот