Гинеколог: Ова е единствената намирница за која ги молам жените да ја јадат почесто по менопаузата
Разговорот за менопаузата стана поотворен и поприсутен од кога било досега во последниве години. Сè поголемата свесност им помага на жените да ја отстранат стигмата од овој природен период и да се чувствуваат помалку осамено додека поминуваат низ промените како што се бранови на топлина (валунзи) и промени во расположението. Но, истовремено, се зголеми и бројот на совети за производи и додатоци во исхраната кои наводно им помагаат да ја „преживеат“ менопаузата. Според мислењето на гинеколозите, акцентот сепак треба да биде токму на исхраната.
Препорачано
Гинекологот-акушер д-р Шери Рос објаснува дека клучот не лежи во додатоците во исхраната, туку во чинијата.
– Урамнотежената исхрана базирана на растителни намирници, со ограничен внес на црвено месо и мрсни млечни производи и со доволен внес на здрави масти – мононезаситени и полинезаситени – го поттикнува здравото стареење и го намалува ризикот од кардиоваскуларни болести и рак на дојка – истакнува д-р Рос за „Парада“ (Parade).
Најдобрите опции вклучуваат зеленчук, овошје, житарки од цело зрно, мешунки, јаткасти плодови, семки и здрави масти од растително потекло како маслиново масло и авокадо. Меѓутоа, еден макронутриент е особено важен по менопаузата: протеинот.
Иако стресот е неизбежен, начинот на кој се справуваме со него зависи од нашите избори.
– Би сакала жените во менопауза почесто да консумираат квалитетни протеини – вели гинекологот.
Во текот на менопаузата, доаѓа до опаѓње на нивото на естроген, што предизвикува намалување на мускулната маса и густината на коските, а протеините помагаат во ублажување на овие промени.
Освен тоа, протеините можат да го намалат ризикот од дебелеење и хронични болести, вклучувајќи ги и болестите на срцето.
– Естрогенот ја одржува еластичноста на крвните садови, го намалува „лошиот“ (ЛДЛ) холестерол и го поттикнува создавањето на „добар“ (ЛДЛ) холестерол“ – објаснува д-р Рос, додавајќи дека доволниот внес на протеини помага во регулирањето на шеќерот во крвта и го поддржува здравјето на крвните садови.
Препорачаниот дневен внес на протеини за жени по менопаузата се движи помеѓу 1 и 1,2 грама на килограм телесна тежина, додека на некои жени можеби им требаат повеќе – до два грама на килограм, вели д-р Рос. Најдобри извори се туна, пилешко, мисиркино месо, јајца, ракчиња, мешунки и од чија семето.
Покрај тоа, се препорачува исхрана богата со зеленчук, овошје, житарки и здрави масти, како оние што се наоѓаат во медитеранската исхрана. Црвеното месо, мрсните млечни производи, храната богата со сол и алкохолот треба да се ограничат.
Д-р Рос забележува дека, иако стресот е неизбежен, начинот на кој се справуваме со него зависи од нашите избори.
– Стресот е неизбежен. Но, начинот на кој управуваме со своето однесување како одговор на стресорите може да се контролира со донесување здрави животни одлуки – заклучила гинекологот.


