ГИ ПОКАЖА ИСЕЧЕНИЦИТЕ КОИ МАЖОТ И ГИ НАПРАВИЛ СО НОЖ: Сања Маринковиќ ја раскажа НАЈМОРНИЧАВАТА СИТУАЦИЈА со која се сретнала

принтскрин

Водителката Сања Маринковиќ зад себе има богато новинарско искуство, а во една прилика откри со каква ситуација се сретнала во текот на работилницата „Булевар на женски тајни“, која ја започна со Весна Дедиќ.

– Тоа е проект на кој сум многу горда. Патувавме во 2018 година во 22 града и села во Србија, разговаравме со повеќе од 5.000 жени. Целта на таа работилница е да ги инспирираме и мотивираме жените да ја остварат својата цел каква и да им е во животот. Она што на нас ни беше најважно е на патот кон таа цел тие да бидат среќни – изјави Сања и откри со какви ситуации се сретнала.

принтскрин

– Тука имаше многу смешни работи. Да кажеме, бевме во Уб и имаше повеќе од 150 жени, а јас и Весна секогаш ја користиме таа шега да провериме колку има мажени, колку разведени и интересно во Уб беше тоа што сите беа разведени, а само една мажена. Да кажеме во Вршац, каде беа повеќе од 200 жени, сите беа мажени, што е неверојатно. Па така, според регионите во Србија можеш да видиш каде живеат среќните жени и каква е ситуацијата. Она што беше најсмешно е што во Уб една жена која беше судија и која беше наша гостинка како успешна жена – ги развела сите тие жени. Имаше многу феноменални ситуации, имаше и солзи и смеа – истакна водителката, па призна дека постоеле и многу потресни сцени.

принтскрин

Постоеше ситуација во која една жена стана од публиката и ги покажа двете исеченици од нож кои тоа утро ги добила од својот сопруг. Имаше навистина страшни работи, но и исклучително убави работи. Важно е дека сите тие жени од своите тешки моменти станале како победнички, направиле компании, фирми, започнале да се занимаваат со некоја друга работа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот