Вера Мештеровиќ - Тв,презентер - Фото - Слободен печат /Методи Здравев
Вера Мештеровиќ - Тв,презентер - Фото - Слободен печат /Методи Здравев

„Ги палеа жените, цела држава нѐ чуваше“: Вера Мештеровиќ откри интимна приказна

Првата Мис на Македонија, Вера Мештеровиќ, откри интимна приказна која се случила пред 30 години.

Во поткастот „Естраден лексикон“, таа прозборe за почетоците на својата кариера, моментот кога ја понесе историската титула во 1996 година, како и за драматичните денови поминати на светскиот избор во Индија.

На прашањето како воопшто дошло до тоа таа да биде првата убавица што ја претставувала независна Македонија на Мис на Свет, Вера со насмевка се присетува на анегдотата од нејзината младост: „Дотогаш немаше некој којшто организираше таков избор од таков карактер. Тогаш така се падна, првпат се организира. Јас не се пријавив сама, мојата фамилија, мајка ми и тетките ме пријавија. Јав бев со една турнеја во Франција, тогаш немаше мобилни, се јавувавме од говорници. И ми велат: ‘Излезена си во весник. Имаш слика дека си се пријавила за Мис на Македонија, за Мис на Свет’. Леле, викам, добро, супер, не знам.“

Највпечатливиот дел од нејзината приказна е поврзан со самиот престој во далечната Индија, каде изборот за убавина се одвивал во сенка на големи општествени немири и ризици.

„Таму поминав многу убаво, Индија е малку специфична како земја и ден-денес. Имавме тогаш многу протести. Таму жените тогаш се палеа и буквално цела држава нѐ чуваше. И драго ми е што иако млада, многу добро си се снајдов таму, бев омилена меѓу новинарите и така да тоа е тоа, ама како и да е, едно позитивно, позитивно искуство“, заклучува Вера.

Таа е дел од водителскиот тим на Утринската програма „Здраво Македонијо“, и во една прилика за „Слободен печат“ зборуваше за тоа искуство.

„Кога сум во студио од 6:45 часот, станувам во 5 часот наутро, таман да се нашминкам, па да започнам со утринската програма. Кога сум од 8 или 9 часот, тогаш не станувам толку рано.

Се случило да не го слушнам будилникот, да, но за среќа, телото само ми е навикнато да се буди рано, па сепак доцнењето било минута-две, што е и незабележително. Сепак, сите сме само обични луѓе и секако дека може да се случи и нешто такво“, рече Вера која од бракот со фудбалерот Игор Кралевски со кој се разведе пред неколку години има син и ќерка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот