Гевгелија е подготвена за овогодишниот Куп „Благоја Георгиевски – Буштур“
Со прес-конференција одржана во конгресниот центар при хотелот и казино „Аполонија“ во Гевгелија денеска организаторот на завршните турнири од државниот Куп „Благоја Георгиевски – Буштур“ за 2025 година, екипа на КК Кожув најави што ја очекува кошаркарската јавност во деновите што следат.
Препорачано
Осумте екипи учеснички во машка, односно четири екипи учеснички во женска конкуренција, на денешната прес-конференција ги искажаа своите ставови и очекувања за претстојните натпревари.
Спортскиот директор на КФСМ, Марјан Србиноски, го предаде трофејот во трајна вредност на КК МЗТ Скопје Аеродром, ланскиот освојувач. За нив дванаесетти во клупските витрини.
Сите екипи повикаа на фер-плеј игра и неизвесни натпревари до последниот свиреж на судиите.
Куп (мажи)
Четвртфинале, двојки:
13 февруари
13.00 часот ТФТ – Гостивар
15.30 часот Пелистер – Чаир 2030
18.00 часот МКК Куманово – Кожув
20.30 часот МЗТ Скопје Аеродром – Работнички
Куп (жени)
Полуфинале, двојки:
14 февруари
13.00 часот Крива Паланка – Вардар
15.30 часот Баскет Кам – Бадел 1862
Финале
15 февруари (17.00 часот)


