Германско истражување: Ризикот од ширење на коронавирус во концертна сала е занемарлив

дуке бојаџиев

Истражување во Германија за движењето на честичките во воздухот во затворен прсотор покажа дека постои мал ризик од инфекција со коронавирус во добро проветрени концертни простори, кога сите носат заштитни маски.

Второто такво истражување, спроведено во  „Концертхаус” во Дортмунд (1.500 седишта), траеше три дена во ноември минатата година, организирано од институтот Фраунхофер Хајнрих Херц и компанијата за мерење на честички Parthe Q.

Нивниот заклучок е дека под одредени услови – просторот да има доволен прилив на свеж воздух и сите присутни носат маски – ризикот некој да зарази здрави гледачи на концертот со коронавирус „преку аеросолен пренос може да биде речиси исклучен”, се вели во соопштението на Концертаус.

Студијата е продолжение на студијата од август, наречена „Рестарт-19″, спроведена од Универзитетската болница Хејл, чии резултати беа објавени во октомври и заклучија дека, со соодветна вентилација, настаните во живо во ваквите простории претставуваат „многу низок до низок” ризик за пренесување на инфекцијата од личност на личност.

За разлика од студијата Рестарт-19, во која учествуваа волонтери, студијата за Дортмунд користеше високотехнолошка кукла за да симулира човечко дишење во концертната сала.

Извор.МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот