Германските пратеници изгласаа отштета за војниците хомосексуалци

На геј војниците им беше забрането унапредување, можеа да бидат отпуштени од воената служба и да бидат казнено гонети.

Германските пратеници вчера усвоија закон за рехабилитација на војниците кои со децении се соочуваат со дискриминација, отпуштање или осуда поради нивната сексуална ориентација.

До 2000 година, германската војска хомосексуалците ги сметаше за закана за дисциплината и несоодветни за високи офицерски должности.

На геј војниците им беше забрането унапредување, можеа да бидат отпуштени од воената служба и да бидат казнено гонети.

Министерката за одбрана Анегрет Крамп-Каренбауер, кој се извини за долгогодишната дискриминација, рече дека новиот закон е знак оти Германија презема одговорност.

– Наша должност е да се погрижиме поединците кои биле девалвирани за време на нивната служба да се чувствуваат безбедно и да имаат најдобра можна поддршка, рече министерката во долниот дом на Парламентот пред гласањето.

Според новиот закон, војниците можат да бараат отстранување на спорните пресуди и имаат право на некаква форма на финансиски надомест.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот