Германската фудбалска федерација остана без претседател поради нацистички скандал
Претседателот на фудбалската федерација на Германија (ДФБ) Фриц Келер, денеска си поднесе оставка, речиси еден месец откако еден од своите потпретседатели го спореди со нацистичкиот судија Роланд Фрајзлер.
Келер на состанокот на ДФБ кој се одржа на 23. април го навреди потпретседателот Рајнер Кох, што ги натера сојузните и регионалните институции да изразат недоверба во неговата работа и да побараат негова оставка.
– Со овој чин преземам лична одговорност за пропустот кој го направив на состанокот на 23. април и кој ќе остане жална и црна точка во мојот мандат – изјави Келер.
Фрајзлер како учесник на Ванзејската конференција во 1942 година бил еден од одговорните за организација на холокаустот. Тој бил претседател на Народниот суд кој изрекол околу 2.600 смртни казни на противниците на нацистичкиот режим.
ДФБ уште минатата недела најави дека доколку Келер поднесе оставка, привремени претседатели ќе бидат актуелните потпретседатели Кох и Петер Петерс.
– Мојата оставка ќе би реши проблемите во ДФБ и во фудбалот – изјави Келер.
Фриц Келер на чело на ДФБ дојде 2019 година кога го наследи Рајнхард Гриндел кој си замина поради корупција. Претходно оставки поради вмешаност во корупција и давање мито про доделувањето на организацијата на СП 2006 година на Германија си поднесоа Волфганг Нирсбах и Тео Цванцигер.
Цванцигер беше претседател на ДФБ од 2006 до 2012 година, додека Нирсбах од 2015 до 2015 година.