Германија ќе ја продолжи граничната контрола со Полска, Чешка и Швајцарија

Гранична контрола во Германија

Германската министерка за внатрешни работи Ненси Фесер најави дека по 15 декември ќе биде продолжена граничната контрола со Полска, Чешка и Швајцарија за најмалку два месеци, јави ДПА.

– Нашите мерки даваат резултати. Нашата борба против бескрупулозниот бизнис на трговците со луѓе, кои брутално ги загрозуваат човечките животи, беше успешна – рече таа.

Фиксните и мобилни проверки имаа значителен ефект откако беа воведени во октомври, ограничувајќи ја илегалната миграција во Германија и олеснувајќи го товарот на локалните власти.

Во понеделникот Фесер ја продолжи граничната контрола до 15 декември. Според податоците на МВР, од воведувањето на мерките на 16 октомври досега откриени се околу 3.300 нерегуларни влезови, а спречени се 1.100.

„Ова значи дека овие мерки функционираат и ќе продолжат на ист начин“, изјави портпаролот на одделот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот