Германија ја зајакнува борбата против нелегалната работа во фризерските и козметичките салони

Германската влада одлучи да ја засили борбата против нелегалната работа во фризерските и козметичките салони, кои сè повеќе се отвораат во градските центри. Причината? Сомневање за масовно нелегално вработување и даночна евазија. Според новиот нацрт-закон за „модернизација и дигитализација на борбата против нелегалната работа“, фризерските и козметичките салони се меѓу секторите најпогодени од нелегалното вработување.

За време на инспекциите, често се наоѓаат луѓе кои очигледно работат во салони, но тврдат дека „само се на посета“ или работат како практиканти или на пробна основа на првиот ден, информира Феникс магазин. Во законот се наведува дека многу странски работници не сакаат да ја откријат вистинската природа на нивната работа или како се платени. Новите прописи треба да овозможат побрзи и поефикасни инспекции. На сослушувањето во Бундестагот во понеделник, раководителката на финансиската контрола против непријавена работа, Констанце Фос, изјави дека фризерските и козметичките салони се „особено сомнителни области“ за непријавена работа.

Слични критики доаѓаат и од Централното здружение на занаетчии, кое предупредува дека цените на услугите во овие салони се значително пониски од пазарните цени, што укажува на можно затајување на даноци и придонеси. Исто така, често се известува дека официјално регистрираните менаџери на салони воопшто не се присутни. Имено, за да се отвори фризерски салон во Германија ви е потребен мајстор фризер, но овие „менаџери“ често се само фиктивни луѓе кои не работат во салонот. Во последните месеци, сомневањата се потврдени во бројни акции од страна на царината, трудовите инспекторати и стопанските комори. Само во септември, во сојузната покраина Северна Рајна-Вестфалија се спроведени 414 инспекции, а неправилности се пронајдени во дури 90% од случаите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот