фото: принтскрин/„Икс“

Германец е возачот што усмрти двајца во Лајпциг, со возило намерно удрил во пешаците

Осомничениот за денешниот судир со автомобил во пешаците во центарот на Лајпциг е идентификуван како 33-годишен Германец, а властите го опишаа неговиот чин како намерен, објавија медиумите.

„Тој беше уапсен без отпор додека сè уште беше во возилото“, изјави шефот на полицијата во Лајпциг, Рене Демлер.

Обвинителството започна истрага за сомнение за две убиства и за најмалку два обиди за убиства.

Премиерот на Саксонија, Михаел Кречмер, изјави дека е можно напаѓачот да е ментално болен.

На таа рута имало најмалку два сериозни судири со полицијата.

„Две лица загинаа, а неколку се повредени, од кои тројца потешко“, изјави градоначалникот на Лајпциг, Буркхард Јунг.

Германија во последните години беше потресена од неколку напади со автомобили, како оние на божиќните пазари во Берлин во 2016 година и Магдебург во 2024 година, како и за време на маршот на синдикатите во Минхен на почетокот на 2025 година.

ВИДЕО| Автомобил се заби во пешаци во Германија, има загинати и тешко повредени

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот