“Герила” акција на “Поинаку” против политиките на локалната власт

фото-Фејсбук на Поинаку, Герија акција во Битола

Разидувањата меѓу советниците на независната листа “Поинаку” и локалната власт во Битола денеска ескалираа.

Претседателката на Советот на Општина Битола, Габриела Илиевска и советниците на “Поинаку” Иван Чулаковски и Алмир Адемовски на денешната прес-конференција на битолскиот градоначалник Тони Коњановски што ја одржа во делот на поранешната Касарна на која се врши асфалтирање на улица, се појавија во испишани маички.

-Маиците од времето на Двојче се враќаат во мода. Истите приказни, истата матрица, истите ликови, истиот режим.

Никогаш да не се повтори!!! #лажи #кради #поинаку, објавија независните советници на “Поинаку” на нивната фејсбук страница.

На прашањето на “Слободен печат” дали независните советници на “Поинаку“ кои до скоро беа во неформална коалиција со ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Општина Битола, на ваков начин со герила акции ќе ја водат политичката борба, претседателката на Советот Илиевска ни одговори:

-Ставот на “Поинаку” е јасен во изминатите шест години и од него не отстапуваме. Сето она што не ни се допаѓа во Битола јавно ќе го коментираме и тоа е наше право-вели претседателката на Битолскиот Совет, Габриела Илиевска.

Битолчани ја паметат “герила“ акцијата на советникот на “Поинаку” Иван Чулакоски кога на поранешниот градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ Владимир Талески му фрлаше печатени “банкноти“ наречени “владимирки“ на неговите прес-конференции.

Васка М Младеновска

фото- Фејсбук на „Поинаку“

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот