Горан Герасимовски - Градоначалник на општина центар - Фото - Слободен печат - Методи Здравев
Горан Герасимовски - Градоначалник на општина центар - Фото - Слободен печат - Методи Здравев

Герасимовски: На последниот состанок на ЗЕЛС зборувавме за преземање на надлежностите од „Комунална“

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, кој „трча“ за втор мандат на општината на овие локални избори, во интервју за Сител повторно ја потенцираше ужасната состојба со хигиената во Скопје и Општина Центар и информираше дека на последниот вонреден состанок на ЗЕЛС предложил по изборите секоја општина да ги преземе надлежностите од „Комунална“ и индивидуално да се справува со отпадот на своите територии.

„Ова е катастрофа што му се случува на градот Скопје и на Општината Центар изминатите четири години. И целата оваа ситуација е недозволива за една метропола. Доколку ЈП ‘Комунална хигиена’ не профункционира, ќе биде многу тешко да се одржува хигиената самостојно“, предупреди тој.

Градоначалникот потенцираше дека уште пред две години побарал секоја општина да ги преземе ингеренциите за одржување на хигиената, одлука со која, според него, би се спречил овој хаос со кој се соочува градот денес.

„Сигурен сум, и тогаш и сега, дека ако ги преземевме ингеренциите, набавевме дополнителна механизација и зголемевме бројот на хигиеничари, сето ова денес немаше да се случи. Свикавме и кризен штаб, побарав итен состанок на ЗЕЛС, седнавме со скопските градоначалници да бараме решенија. Темата беше и понатамошно преземање на ингеренциите, по изборите, секоја општина поединечно да се грижи за хигиената“, рече тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот