ФОТО | Георгина Родригез не престанува да се фали: Бесценетиот „крвав дијамант“ на нејзината рака крие мрачна приказна
Георгина Родригез уште еднаш покажа колку ѝ е лесно да премине од секојдневниот живот во светот на гламурот. Имено, на фотографиите кои ги објави на својот Инстаграм, прво таа утрото тренираше во хеланки и маичка , а само неколку часа подоцна блескаше со скапоцен смарагден прстен .
Препорачано
Но, тоа не е каков било накит. Го нема ни во витрините ни во каталозите. Таквиот прстен не се купува – тој се создава, за по мерка и желба.
За споредба, ваков сличен модел од 18-каратно злато чини нешто повеќе од 17 илјади евра, додека тркалезен модел може да се најде на распродажба за „само“ 9 илјади евра. Но, прстенот на Георгина, не припаѓа на ниедна колекција тој е нарачан.
И ова не е прв пат сопругата на Роналдо да блеска во нешто што се мери не само по карати, туку и по историја. На познатата Мет Гала во Њујорк, таа носеше ѓердан со еден од најпознатите скапоцени камења во светот – жолт дијамант од Тифани, вреден повеќе од 30 милиони долари. Истиот дијамант некогаш го красел вратот на Бијонсе.
View this post on Instagram
Зад тој камен се крие темно минато. Бил ископан во 1877 година во рудникот Кимберли, во Јужна Африка, додека таа земја била под британска колонијална власт. Дијамантот првично имал 287,42 карати и е познат и како „крвав дијамант“.
Неговото минато потсетува на илјадници црни работници кои работеле во тешки и опасни услови – без заштита, без права, за мизерни плати. Само помеѓу 1897 и 1899 година, повеќе од илјада луѓе ги загубија животите.


