6 C
Скопје

Георгиевски за БГНЕС: Сакаме зближување со Бугарија, треба да ги признаеме заслугите на Заев

И покрај „длабоката држава“ во Македонија, ние сакаме зближување со Бугарија, Гоце Делчев нè обединува, изјави Љубчо Георгиевски во интервју за БГНЕС, дадено за време на неговата посета на официјална Софија каде, како претставник од помала партија од коалицијата со СДСМ, замина во улога на олеснување на преговорите меѓу Бугарија и Софија. 

– „Длабоката држава” во Македонија ги нарушува нормалните односи меѓу двете земји, гради омраза и непријателство кон Бугарија, вклучува професори, новинари, вработени во службите за национална безбедност,во суштина, тие не се сите Македонци, потенцира Георгиевски.

Тој оценува дека југословенската историографија ја призна македонската нација како најмлада на Балканот, а дека Никола Груевски со антиквизацијата и нанел тежок удар.

Прочитајте и...  Министерот Османи ќе се сретне со специјалниот претставник за Бугарија, Бучковски

– Треба да ги признаеме заслугите на Зоран Заев поради неговата желба за пријателство со Бугарија, Заев и Бојко Борисов треба да изнајдат решение со кое ќе се тргне кон историско доближување, порача Георгиевски.

Во Македонија се создаде кампања дека Бугарија бара да се промени Уставот на Македонија, што не е точно, од друга страна, многу лошо ќе биде ако Бугарија стави вето за Македонија пред Европската Унија, рече тој.

Љубчо Георгиевски посочи дека често пати е критикуван во Македонија дека застапува бугарски ставови, и нагласи дека со ова интервју ќе се обиде да биде адвокат на Македонија. Ако до пред четири пет години за добивање на бугарски пасош лицата се критикувале и „биле распнувани на крст“, сега тоа е нормална работа, рече Георгиевски, како што е нормално да се засвират и бугарски песни во кафеани, а не само српски.

Прочитајте и...  Словенија: 2.429 новозаразени и 57 мртви од ковид-19 во последните 24 часа

– Македонското општество е сè уште под два јарема, едниот е комунистичкиот, а другиот е антиката на Никола Груевски, со која нè уби. Тогаш луѓето одеднаш почувствуваа дека имаат 4.000 години историја. Интересно, имаше многу фалсификати и во оваа и во комунистичката историја, но имаше и факти. Комунистичката идеологија тврдеше дека македонската нација е последната нација на Балканот, а со антиката одеднаш од најмлада, станавме најстар народ не само на Балканот, туку и во Европа и пошироко – анализира Георгиевски .

Поврзани вести

СДСМ: Со илјадници апсурдни амандмани опозицијата го девалвира Собранието

Слободен печат

Дендиас и Захариева разговарале за европската перспектива на земјите од Западен Балкан

Слободен печат

Станковиќ: Целта на биткоин е да биде т.н дигитално злато – Народна банка да чува дел од своите резерви во биткоини

Слободен печат

УХМР: Утринските температури над нулата

Слободен печат

Морисон: Границите на Австралија остануваат затворени

Слободен печат

Иванка Трамп е сослушана под заклетва за случај на проневера на пари

Слободен печат

Остави Коментар