Георгиевски: Сите објекти кои се од јавен карактер треба да бидат пристапни за лицата со инвалидитет

Трговскиот центар „Бисер“ во Аеродром е една од локациите во државава каде што сите лица кои имаат проблем со мобилноста, имаат и проблем да го посетат овој центар.

Гостин во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“ беше Дејан Георгиевски, претседател на здружението на лица со инвалидитет „Мобилност“, кој говореше за проблемите за кои луѓето со инвалидитет се соочуваат.

-Како овој објект така и многуте објекти што се постари од 15-20 години изгледаат навидум пристапни, а всушност не се. Значи во овој објект има лифт кој најчесто не е е во фунција или се користи за пренос или товар на самите дуќани кои што работат тука. Така е и во повеќето трговски центри, рече Георгиевски.

Тој во Скопски агол истакна дека објектите кои се од јавен карактер треба да бидат пристапни, но дека тоа во пракса не функционира.

-Но, морам да кажам дека свеста е малку променета, институциите пробуваат да направат нешто, но за жал нашето судство и луѓето кои што треба да ги исконтролираат сите оние закони на терен не го спроведуваат тоа. Законот е од 2006 и во него се вели дека сите објекти кои што се од јавен карактер треба да бидат пристапни. Но тоа не функционира и луѓето не можат да си ги искористат своите права, изјави Георгиевски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот