Георгиевски на прием во АМС: Се надевам дека во Париз 2024 година ќе имаме повеќе претставници и поголеми успеси

фото: МИА

Дејан Георгиевски денеска се врати во Македонија откако на Олимписките игри во Токио го оствари најголемиот успех од осамостојувањето, го освои сребрениот медал во таеквондо.
Како и што доликува на спортскиот херој на Македонија, Георгиевски беше свечено пречекан на скопскиот аеродром, по тоа имаше и прием во Агенцијата за млади и спорт (АМС).

– Благодарност до АМС и до целиот народ во Македонија. Додека траеја натпреварите не ги користев социјалните мрежи но мојот тим ми кажуваше што се случува во Македонија, за еуфоријата. Се надевам дека во Париз 2024 година ќе имаме повеќе претставници и поголеми успеси. Им посакувам многу успех на останатите македонски претставници во Токио – изјави Георгиевски на прес-конференцијата во АМС.

Директорот на АМС Наумче Мојсоски кој го дочека спортскиот херој уште на аеродром, во просториите на АМС му врачи посебна слика со сребрениот пехар како благодарница за историскиот успех, и вети дека државата ќе посвети многу поголемо внимание кон боречките спортови.

– Георгиевски сите нас не направи горди, тој во еден дне за само неколку чсаса победи неколку фаворити. Чест ми е што Македонија во Токио имаше високото мотивирана спортска делегација која даде се од себе. Сакам да му честитам и да му посакам уште успеси. Освои сребро, но медалот на Дејан за нас е златен. АМС со иста мотивација ќе продолжи да го поддржува и понатаму. Моја заложба е сите боречки спортови да си добијат свој домови, ги знаеме проблемите и се надевам дека додека сум јас ќе се изнајде решение, станува збор за сали кои не се габаритни. Веќе донесовме одлука за набавка на татами, сите потребни реквизити. Мој предлог е малите сали како Партизан кои се реконструираат да бидат пренаменети токму за овие боречки спортови – изјави Мојсоски.

За поддршката која ја добиваат од АМС се заблагодарија и тренерите на сребрениот медалист, Дарко и Борче Костовски кои изјавија дека сон е да се изгради таеквондо олимписки центар и дека Македонија такви таленти кои на следните ЛОИ може да донесат и злато.

Наш сон е да имаме олимписки центар само за таеквондо и за многу скоро ќе почне да се гради. Не сакам ниту еден спорт да го потценам, ама моментно таеквондото е носечки спорт и се надевам дека со нас ќе отпочне таа потребна инфраструктура да се гради, не за друго, туку и за нмногу медали на следните олимпијади. Владислав Ларин е Кристијано Роналдо во такевондото, а до него е Дејан Георгиевски, зашто во финалето верувајте решаваа нијанси. Прекрасно е чувство да елиминирате светски првак, па многу силен африкански борец, па посебно Кореец, зашто таа земја е колепка на овој спорт, што е еднакво како да го победите Бразил или Англија во фудбал. Во Париз, со господ напред ќе донесеме злато, а може и повеќе медали, зашто сестрата на Дејан, Анамарија е јуниорска светска шампионка, брат му е балкански првак, има уште неколку големи таленти. Имаме сериозна генерација која треба да се следи и која може да оди кон висините на олимпизмот – рече Дарко Костовски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот