Георгиевски: Да се изгласаат предлог-законските измени за забрана на увоз на отпад што би се користел како енергенс

ВМРО-Народна партија уште еднаш јасно упатува повик до сите парламенатарни политички партии да ги изгласаат предлог- законските измени со кои се забранува увоз на отпад кој би се користел како енергенс во производството.

„ВМРО-Народна партија смета дека нема никаква причина да се увезува отпад за кој сега ни раскажуваат приказни дека бил безопасен.

Затоа што знаеме дека со самиот факт што се извезува, односно увезува од високоразвиени индустрии има нешто нелогично во приказната.

Конечно сакаме да потсетиме и дека фирмите кои го палат отпадот се високо профитабилни фирми, само како пример ќе го земеме Цементарница УСЈЕ која секоја година прикажува профит од 30.000.000 евра.

Нема никаква логика дека со употребата на ваквите евтини енергенси и се „помага” на македонската индустрија.“, велат од партијата на Георгиевски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот