Георгиев: Се обидуваат да го саботираат преземањето на Вардар

Поранешниот бугарски репрезентативец, Благој Георгиев, кој е заинтересиран за преземање на најтрофејниот македонски клуб Вардар, се пожали дека некој работи против него.

Георгиев изминатиот период во бугарските медиуми најавуваше дека заедно со група инвеститори е заинтересиран за преземање на Вардар, но сега се пожали дека некој во Македонија сака да го саботира неговиот обид.

– Тимот има потенцијал да направиме големи нешта, ама не сакам да зборувам за нешто што не се случило сè уште. Пред неколку денови се појавија информациите за Вардар и веќе слушнав многу лоши работи за сето тоа. Некои се обидуваат да го урнат проектот. Затоа и повеќе не сакам да коментирам ништо во овој момент – изјави Гепргиев за бугарските медиуми.

Несудениот шампион за оваа сезона, Вардар се наоѓа во големи финансиски проблеми откако Сергеј Самсоненко се откажа од клубот, а градот нема намера да го презема клубот со долгови бидејќи во договорот со поранешниот сопственик стои дека тој треба да го врати клубот без никакви долгови.

Вардар е во „дупка“ од околу два милиони евра, а виси и настапот во Европа бидејќи голема е веројатноста доколку не се реагира веднаш, клубот да остане без лиценца за настап во европските купови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот