Георгиески: Охрид има најголем буџет за спорт и контиунуирано издвојува средства за субвенции за граѓаните

Градоначалникот на Општина Охрид, Константин Георгиески/Фото: facebook.com/KonstantinGeorgieski7

Кандидатот за градоначалник на Општина Охрид, Константин Георгиески во вечерашното гостување на дебатната емисија „Локални избори 2021“ на МРТ 1, истака дека општина Охрид дава континуирана и редовна поддршка на спортот.

-Општина Охрид има 27 милиони денари за спорт од кои 9 милиони денари се за ракометниот клуб „Охрид“ кој е прволигаш, 6 милиони денари за Фудбалскиот клуб „Охрид“, 2,7 милиони денари за фудбаскиот клуб „Воска“, а со остатокот од средствата се субвенцираат фудбалски школи и разни други спортови, објасни Георгиески.

Тој истака дека локалната самоуправа континуирано издвојувал средства за доделување на субвенции.

-Кога советот на општината ги носеше правилниците за исплата на субвенциите кои за прв пат се предвидоа во општина Охрид, субвенции за велосипеди, за инвертер клима уреди, за велосипеди и субвенциите за ублажување на последиците од корона пандемијата, субвенции за станоиздавачи, кајчари и туристички водичи, советниците на ВМРО ДПМНЕ ја напуштија седницата и не гласаа за тие правилници, истакна Георгиески.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот