Геогриевски: Набавуваме таблет за учениците и компјутери на наставниците за успешен почеток на онлајн наставата 

Општина Гази Баба подготвена ќе го дочека новиот почеток на учебната година. Сите 11 основни училишта во општината се спремни за оддржување на комбинирана настава, и со физичко присуство и он лајн. 

-Трудот кој што го вложивме во летните месеци ни овозможи навремено да се разработат протоколите, да се постават пунктови за дезинфекција, да се осмислат патеки за безбедно движење на учениците.  За да бидеме целосни во извршувањето на обврските, како општина започнавме набавка на компјутери за наставниот кадар со цел успешно спроведување на онлјан наставата, а особено е важно да напоменам дека набавуваме и таблети за учениците кои немаат како да ја следат онлајн наставата и со средства на општината и МОН се набавуваат 350 уреди- рече градоначалникот на Гази Баба, Борис Георгиевски.

Во оваа акција и општествено- одговорни компании ни помагаат со донирање на смарт таблет уреди за учениците и веќе десетина од нив својата донација ја доставија во општината, а најави дека ќе ни се придружат во акцијата стигнаа и од уште неколку фирми.

-Уште посреќен сум што и родители се вклучуваат во оваа акција кои во училиштата донираат стари смарт уреди кои сакаат да ги донираат на дечиња кои немаат смарт уред. Општина Гази Баба веќе 3 години не прекинато вложува во образованието, во обезбедување на услови за децата затоа што тие се нашата иднина а така ќе продолжиме и во иднина- рече Георгиевски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот